СПМ повика на обединување за одбрана на Македонија

Од:

Социјалистичката партија на Македонија денеска на прес-конференција ги повика граѓаните на Република Македонија, без разлика на националната, верската припадност, партиската и идеолошката определба, да се обединат околу патриотската идеја за одбрана на извојуваната придобивка, заедничката таковина Република Македонија.

Генералниот секретар на партијата Љупчо Димовски побара од граѓаните да се обединат околу, како што кажа, светата идеја заеднички да ја градиме Македонија во држава за сите во која за секого ќе биде обезбеден пристоен живот и посакуван стандард, за брз и несметан развој на Македонија, особено на економски план, да обезбедиме внатрешен мир, стабилност, безбедност, слобода и демократија.

– Да се обединиме и цврсто да се определиме во сочувувањето на суверенитетот, независноста, во одбрана на нашата богата историја, култура и традиција, да им овозможиме на нашите поколенија да живеат подобро, да се воспитувааат и образуваат во духот на заедничките традиции, мирно и сложно да продолжиме да работиме на економскиот развој на нашата земја, рече Димовски.

Повика на обединување околу идејата за, како што рече, да се стесни просторот на дејствување на деструктивните сили, на болните кариеристи, на квази политичари, на сеачи на магли, лаги, афери за хаос, предизвикувачи на граѓански судири и војна, клептомани, криминалци, на луѓе без морал и етика, без елементарна култура, достоинство и чувство за одговорност, верни слуги на туѓите интереси, опседнати со омраза, осветољубивост и примитивизам.

Би можело да ве интересира

СПМ со осуда за притисоци, вознемирување, мобинг на нивните колеги, полициски службеник од Куманово ја напуштил државата

Ана Ололовска

Синдикатот на полицијата ги повикува и другите два полициски синдиката на заедничка борба во заштита на правата на вработените во МВР

Ана Ололовска

Синдикат на Полиција во Македонија: Да се прекине со попречување на активностите и обврските на СПМ

Ана Ололовска

СПМ бара покачување на платите во полицијата

Ана Ололовска

Синдикатот на полицијата со барања до новиот министер Оливер Спасовски

Ана Ололовска

СПМ бара неодложено тестирање за Ковид-19 на полициските службеници

Ана Ололовска