Специјалниот јавен обвинител на маса пред Работните групи

Од:

Денеска продолжуваат разговорите помеѓу претставници на четирите најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за имплементација на договорот од Пржино за надминување на политичката криза.

Денеска копјата ќе се кршат за специјалниот јавен обвинител.

Личноста која ќе има целосна независност во работењето, треба да биде избрана на 15.септемнври. Претходно, на 1. Септември, опозицијата треба да се врати во Парламентот и да изгласа Измени и дополнувања на Законот за овнинителство.

Во среда продолжува усогласувањето на ставовите за изборната регулатива и правила за предвремените априлски парламентарни избори.

Како што дознава А1он, прочистувањето на Избирачкиот список е една од точките околу кои нема конечен договор, но има приближување на ставовите, особено околу дефинирањето на надлежностите на ДИК.

Две варијанти се во игра околу прочистувањето на Избирачкиот список во опција:активна регистрација и правење нов список или пак теренско прочистување.

Гласањето на дијаспората е отворено прашање.

Никола Груевски повтори дека дијаспората е нераскинлив дел од македонското ткиво и силен подржувач на државата и затоа треба да остане правото на глас и на избор на нивни пратеници во Парламентот.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

На СДСМ и ДУИ малку им е промената на Уставот, сега и преку Манифест ќе ги заштитуваат Бугарите

A1on

Маричиќ: Бугарија нема да извади нови барања ако го промениме Уставот до ноември

A1on

Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

A1on

Русија: Во моментов нема основа за мировни преговори

А1он

(ВИДЕО) Пратеникот Биков од ГЕРБ: Во Македонија има криза на идентитетот кој е понов од бугарскиот

A1on

Бугарски дипломати: „Тоа што ќе има ѕвездичка над македонскиот јазик е голем гаф на Генчовска

A1on