Спасовски: Зошто правдата не го стига градоначалникот на Старо Нагоричане?

Од:

СДСМ потсетува дека изминуваат четири месеци, во кои правдата никако да го стигне градоначалникот на општината Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ, кој на власт го донесе коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, инаку кадар на партијата на Иван Стоиљковиќ.

Јовановиќ, потсетија, пред повеќе од четири месеци, со службен автомобил го прегази 30-годишниот Срѓан Лазаревиќ, татко на две деца, а потоа избега од местото, оставајќи го човекот беспомошно да лежи покрај патот. Тој беше случајно пронајден еден и пол час подоцна, а по неколку дена им подлегна на повредите. Откако Јовановиќ во полиција тврдел дека не се сеќава на ништо, тој е пуштен да се брани од слобода.

„Градоначалникот Јовановиќ на само што е на слобода, туку тој и понатаму спокојно и без грижа на совест и ни трунка морална одговорност, си ја извршува функцијата. Очигледно, градоначалникот е под целосна заштита на своите пријатели во ВМРО-ДПМНЕ, истите оние кои ја предводат коалицијата која го донесе на власт.Јасно е дека власта се обидува да го забошоти овој случај и тоа не е прв пат. Слично беше и со прегазувањето на човек од страна на телохранителот на Сашо Мијалков, Ален Зекиров пред три години“, рече Оливер Спасовски.

„Дополнителен куриозитет е што денес Старо Нагоричане ќе го посети министерката Јанкуловска, која за попладнево има закажано средби со граѓани во општината. За чудо, не е најавена средба со Јовановиќ , иако неговиот избор за градоначалник го овозможи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Сакаме јавно да ја повикаме министерката Јанкуловска, како ресорен министер за внатрешни работи, да им објасни на граѓаните зошто правдата тешко стигнува до градоначалникот на Старо Нагоричане, иако се работи за чист случај каде очигледно на нехуман начин е изгубен човечки живот“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“