Спасовски во Пробиштип: Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот

Од:

Ги реализираме заложбите на сите граѓани од осамостојувањето, нашата држава да биде дел
од најмоќните сојузи ЕУ и НАТО, истакна вчера Оливер Спасовски на граѓанска трибина во Пробиштип.

Успешните евроинтеграциски процеси и помирувањето со соседите обезбедија поддршка и мотив да продолжиме напред. Нашите соседи од држави со кои бевме во конфликт сега се наши промотори и поддршка. Го вративме кредибилитетот на државата ширум светот. Чекориме напред кон европска иднина, подобар животен стандард за сите – порача Спасовски.

Спасовски ја потенцираше и важноста на претстојните претседателски избори.

– Опозицијата нема став, нема концепт нуди изолација и враќање во темното минато, но граѓаните нема да го дозволат тоа. Граѓаните се цврсто определни да продолжат напред кон стабилност, сигурност и економски напредок и затоа, Стево и неговиот концепт се единствениот избор со кој државата може да продолжи напред. На овие избори да продолжиме заедно напред кон вистинскиот пат, повика Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски