Спасовски во посета на манастирот на Попова Шапка

Од:

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски беше во посета на манастирот на Попова Шапка, каде се чествува празникот Свети Наум.

Спасовски сподели фотографии на социјалните мрежи, порачувајќи дека ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста во пресрет на божикните празници.

Posted by Fan club Oliver Spasovski on Недела, 05 јануари 2020

„Секогаш со голема радост го посетувам манастирот на Попова Шапка посветен на Св. Наум Охридски Чудотворец, токму на денешен ден кога граѓаните верници го слават овој голем светец.

Манастирот денеска ширум ги отвори вратите за верниците кои дојдоа да го чествуваат празникот и да учествуваат на литургијата со која чиноначалствуваше митрополитот тетовско-гостиварски, господин Јосиф.

Во пресрет на големиот празник Божик, денот на Христовото раѓање, ова е убав ден и повод да се посветиме на солидарноста инспирирани од големото дело на Св. Наум Охридски Чудотворец кој целиот свој живот го посветил на помагањето на болните, на сиромашните и на изнемоштените“, напиша Спасовски на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР

Спасовски со тимот: Со љубов кон татковината го трансформиравме МВР во „МВР за Граѓаните”

Предраг Петровиќ