Спасовски: Уште личната карта не ми е обновена со новото име на земјата

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека личната карта не му е обновена со новото име Северна Македонија при посетата на пунктот за вадење лични документи без закажување во полициската станица „Пролет“.

– Да, еден дел ги обновив, мислам дека само личната карта не е обновена, откри Спасовски.

Запрашан како се чувствува како граѓанин на Република Северна Македонија, Спасовски рече:

– Јас сум бил Македонец и ќе бидам Македонец. Да не манипулираме со јавноста, државјанство имаме на Република Северна Македонија. Тоа не ја означува националната припадност.

Министерот додаде дека на пунктот може и по 1.000 лица на ден да ја поминат процедурата. Работното време е до 18 часот, но со можност понатаму да се зголеми до 20 часот.

– 70 отсто од закажаните термини, се откажуваат и не се појавуваат граѓаните на тие термини и потоа презакажуваат со одложување. Затоа како раководство одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за процедура со лично појавување по принцип „прв дојден – прв услужен“, рече Спасовски.

До 12 февруари сите граѓани ќе мора да ги заменат личните документи со новото име на земјата како обврска од Преспанскиот договор со Грција со кој Република Македонија стана Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он