А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Спасовски: Три милиони евра за изградба на ИКТ центар во Прилеп

by А1он10/06/2020 - 21:2210/06/2020 - 21:281038
Share0

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил соопшти дека ќе се финансира изградба на ИКТ центар за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи во Прилеп. Изградбата на ИКТ центарот, како што посочува, ќе биде финансирана со 3,25 милиони евра од претпристапната помош на ИПА фондовите и со 150.000 евра од Министерството за внатрешни работи како краен корисник на овој капитален објект.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Центарот ќе биде back-up (резервна база) за клучните, витални информациски системи во земјава и ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини е загрозена работата на примарниот информатички систем и исто така ќе ги зачува податоците во случај на природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор, пишува Спасовски.

Додава дека ќе се опремува објектот за крим-техника, со современа форензичка лабораторија на МВР.

– Станува збор за објект што ќе биде опремен согласно сите најнови европски полициски стандарди во доменот на крим-техниката, односно форензиката. Или, попластично кажано, објект што реално претставува есенција во полициско-истражителското дејствување, така што со право очекуваме, во голема мерка да се подигнат на уште повисоко ниво не само професионалните стандарди, туку и конкретните ефекти на овој дел од оперативното полициско работење, соопшти Спасовски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во насока на севкупно подобрување на професионалните услови за работа преку правилно и планско користење на буџетот на Министерството, Спасовски информира дека биле санирани, односно делумно или целосно реконструирани 43 објекти на Министерството во сите сектори за внатрешни работи за што биле издвоени речиси 140 милиони денари, додава Спасовски на ФБ.

oliver spasovski

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Нервоза и навреди на Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме извинување и реакција од Гаши

Горан Наумовски13/07/2026 - 19:30

(ВИДЕО) Спасовски до Трипуновски: Дали 1.500 вработени во земјоделство ги оставивте без здравствено осигурување?

Горан Наумовски30/04/2026 - 19:30

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

Горан Наумовски25/02/2026 - 17:07

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Горан Наумовски24/02/2026 - 14:51

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:57

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски10/12/2025 - 12:0610/12/2025 - 13:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео