Спасовски со апел до граѓаните – за празничниот период без петарди и без употреба на алкохол при учество во сообраќајот

Од:

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на Кавадарци во изјава за медиумите упати апел до граѓаните за претстојниот празничен период.

„Сакам да упатам апел до граѓаните, бидејќи се наоѓаме во период на празнувања, на поголема фреквенција, за две работи: прво, повикувам да не користиме пиротехнички средства и ова е еден од главните приоритети на раководствата на секторите за внатрешни работи, во заплена на пиротехника и најстрого казнување за сите оние коишто тоа ќе го прават, заради тоа што користењето на пиротехниката прво е ризик за тој кој ја користи, меѓутоа ризик и за околината. Така да, има многу убави начини како да се израдуваме и да прославиме за празниците, а притоа да не користиме пиротехника. Второ, во однос на сообраќајот, исто така, знаеме дека ова е период во којшто сите ние се опуштаме малку повеќе од тоа што треба, а посебно ова важи за оние коишто ги управуваат моторните возила, да се внимава во користењето на алкохол, односно да не се вози никако под дејство на алкохол и да се почитуваат сообраќајните правила и прописи. На тој начин ќе бидеме побезбедни сите ние и многу поубави празници ќе имаме доколку безбедноста е на едно повисоко ниво”, апелираше министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он