Спасовски: Проектите од Програмата за рамномерен регионален развој се одлична можност за презентирање на досега неискористениот туристички потенцијал

Од:

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заедно со заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, присуствуваше во работна посета на Општина Ранковце како и на свеченост по повод адаптацијата и опремувањето на салата за промоција на туризмот и на другите потенцијали на општината и на регионот.

„Сега во Ранковце се создадоа услови за одржување промотивни настани, работилници, и за одбележувања на настани од значење на општината и за регионот. Туристичките особености и потенцијали на општината сега ќе можат да бидат видливи и да се презентираат и преку 3-Д мапингот, реализиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка“, рече премиерот Спасовски.

Премиерот Спасовски соопшти дека иницијативите и спроведените механизми за взаемна соработка на Центарот за развој на Североисточниот плански регион се одлична можност за презентирање на неискористениот потенцијал кој стои пред постоечките угостителски објекти и претставува можност за мотивирање на младите од руралните средини да учествуваат со свои идеи за промоција на сите интересни туристички атракции.

„Го користам моето присуство овде во Општина Ранковце да го најавам и почетокот на изградбата на системот за наводнување Славишко Поле кој ги опфаќа земјоделските површини во селата Псача, Петралица и Гиновци како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување“, истакна Спасовски за новиот систем финансиран од Европската Унија, вреден 1,7 милиони евра, со кој ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1.500 жители на трите села кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески подвлече дека заложбата на Владата е во насочувањето на зголемување на средствата за поддршка на рамномерниот регионален развој, информирајќи дека за Општината Ранковце има на располагање осум милиони евра.

,,Од исклучителна важност е помагањето на помалите општини, Владата се заложи да го помага нивниот развој, не само преку оваа Програма за рамномерен регионален развој, туку и преку останатите мерки за порамномерен регионален развој“, рече заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески.

Градоначалникот на Општина Ранковце, Ивица Тошевски оцени дека основна цел на овој проект е развој на туризмот, кој со нови инвестиции ќе има влијание на вкупниот економски развој, отворање нов работни места и промоција на културните вредности.

Владините претставници одржаа средба со претставниците на локалната самоуправа и градоначалниците од соседните општини и разговараа за мерки и активности кои помагаат за подобрување на условите, за искористување на вложените средства во инфраструктурата како и за искористување на бенефитите кои Владата ги овозможува како што е мерката за субвенционирање на придонесите на платите за оние компании кои ќе ги покачат платите од 600 до 6.000 денари.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он

Спасовски: Годинешниот просек говори за вкупно намалување на криминалот за осум проценти