Спасовски: Пред два месеци МВР дозна дека осуденици копаат тунел во „Идризово“

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека се преземаат опсежни истражни мерки за расветлување на случајот во кој беше спречено организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово, преку копање подземен тунел од страна на затвореници во Идризово.

-Таму се преземаат опсежни истражни мерки, не само сега после откривањето, тој процес беше започнат и претходно. Се што спаѓа во тие истражни мерки притоа да можат да се обезбедат докази, се работи, во соработка со јавниот обвинител за организиран криминал и секако дека тоа ќе биде еден опсежен слулчај во којшто секако треба да се докаже и учестовото на вработените во затворските институции, изјави Спасовски на новинарско прашање по промоцијата на кампања на МВР.

Сознанијата за активностите што биле преземени во затворите, како што рече, МВР ги имало околу два месеци.

-Цело време се работи заедно со Управата за извршување на санкции, Агенцијата за национална безбедност, и во тие рамки се подигна и степенот на обезбедување и во затворот и надвор од затворот. Надлежни се Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, меѓутоа МВР беше секогаш тука за да помогнеме и да не се наруши безбедноста, рече Спасовски.

Тој порача дека за секој што сторил кривично дело мора да има санкции и одговорност.

-Секој кој направил кривично дело ќе одговара. Тоа е очекувањето на граѓаните да сите оние коишто прават криминал, ја нарушуваат стабилноста, ја нарушуваат безбедноста на граѓаните да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Спасовски.

Прашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец по кој се трага веќе 20 дена Спасовски посочи дека знаат повеќе детали но не можат да соопштат јавно за да не наштетат на истрагата.

Во однос на слулајот со труење на битолчанецот во кафуле, порача дека има надлежни институции за да испитаат и доколку постојат основани сомненија за кривично дело, тогаш очекувам да се пристапи кон обезбедување на сите докази.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он