Спасовски: Постигнатиот партиски договор прв чекор за инклузивни, фер и демократски избори

Од:

Постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја. Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

Според Спасовски, Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација заради КОВИД-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.

-Ги уверувам граѓаните на нашата земја дека своето избирачко право ќе го остварат во безбедни услови, наведува премиерот.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Спасовски со младите од Куманово: Пендаровски е единствен кандидат кој го застапува европскиот концепт

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари

Предраг Петровиќ

Спасовски: Имаме победничка програма за европска, стабилна, сигурна и безбедна Македонија

Спасовски и Ковачевски од Македонија направија Колумбија, криминалците со кои се сликаа се убиваат обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бидејќи не може да испорача решение за личните документи ДПМНЕ поднесува политички мотивирани кривични пријави