Спасовски: Ова е држава, а не драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство

Од:

Ова е држава, не е драгстор во кој ќе влезе некој, ќе плати и ќе добие државјанство, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Одговорајќи на пратеничко прашање, Спасовски порача дека за државјанство не е доволно само да се поднесе барање, туку треба да се исполнат и сите услови, како и да се поминат сите предвидени постапки.

-Не е доволно само да поднесете барање и од утре да очекувате дека ќе добиете државјанство ако одредени услови не се исполнети. Мора сите да разбереме – ова е процес и ова е држава, не е драгстор во кој ќе влез некој, ќе плати и ќе добие државјанство. Мора да поминат постапките и само преку поминати постапки може да се добие државјанство. Тоа се условите кои треба да бидат исполнети, истакна Спасовски во одговор на пратеничката Илире Даути која се пожали дека се пробиени роковите за давање државјанство на некои лица.

Според министерот, факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член.

-Пратеничке, за секоја постапка што се води, имате добиено одговор во моментот и ние не можеме да кажеме – утре ќе добиеме ако не е завршена целата постапка и ако не се обезбедени сите документи. Факт е дека голем дел од луѓето кои поднесоа барања, а ги исполнуваат условите за добивање државјанство, тоа го добиле. Факт е дека одреден број баратели на државјанство покренуваат постапка по еден член, а исполнуваат услови по некаков друг член, тоа е работа на самите странки и ќе треба во тој дел, таму каде што имаат основа, да ги поднесуваат барањата, објасни Спасовски.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Просечна плата од 1100 евра, минимална од 600 евра, на младите им нудиме европска иднина

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните