Спасовски од Битола: Во изминатите шест години вложивме 45 милиони денари за реконструкција на пет полициски објекти на подрачјето на СВР Битола – инвестираме во побезбедна иднина на граѓаните

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беа во работна посета на општина Битола.

Во рамки на работниот престој, владината делегација го посети објектот на СВР Битола, една од капиталните инвестиции на МВР на ова подрачје – инвестирање во побезбедна иднина. При посетата на објектот на СВР Битола, еден од петте реконструирани објекти во изминатите 6 години, покрај ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Крушево и Полициско одделение Кривогаштани, кои беа со децении запоставени, министерот Спасовски истакна:

“Она што е примарно за сите посочени пет објекти за кои издвоивме средства во вкупен износ од 45 милиони денари, според сегашниот квалитативно видоизменет градежно-инфраструктурен облик, е што тие навистина целосно ги задоволуваат бараните критериуми за непречено функционирање на полициските служби, но се во интерес на граѓаните од овој регион”.

Министерот Спасовски потенцираше дека потребата за домаќинско, економично трошење, резултираше со употреба на материјали при изградбата кои што ќе гарантираат енергетска ефикасност и заштеди на енергенси, но и заштита на животната средина.

Тој посочи дека динамиката на капиталните инвестиции во ресорот МВР преку реконструкции и изградба на објекти во изминатиов период резултираше со 80 реновирани енергетски ефикасни објекти на МВР низ државата, во кои се вложени 8 милиони евра, но и три нови, од темел градени објекти, и тоа: ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и за опоравување од катастрофи, во Прилеп, неодамна промовираната најсовремена Форензичка лабораторија на Балканот, во рамки на Одделот за форензички испитувања во кругот на МВР во Скопје, изградени со помош на европските ИПА фондови, и изградбата на новата Полициската станица Аеродром.

“Инвестициите во модернизација на нашите припадници на полицијата, што во овие шест години ги реализиравме, согласно максимата ‘Задоволна полиција-безбедни граѓани’, практично значат инвестирање во подобра и побезбедна иднина за сите нас. А дека е тоа така, и придонесе за зголемена ефикасност на полицијата на ова подрачје говорат и статистичките податоци. Така, на ниво на цело СВР Битола во првите 10 месеци од оваа година бележиме намалување на тешките кражби во куќи и станови за 46%, а само на подрачјето на Битола за високи 71%. Разбојништвата, пак, се во намалување, но што е уште поважно со 100% реализација, односно сите 12 пријавени разбојништва на подрачјето на СВР Битола се расчистени”, министерот Спасовски презентираше дел од резултатите од работењето на СВР Битола.

Покрај ова, во делот на спречување на присуството на дрога, СВР Битола поднесе 82 кривични пријави против 105 сторители, а во делот на нелегална сеча на дрва извршени се 211 акциски и над 4.000 редовни контроли, при што е запленета дрвна маса во количина од 133 м3.

“Очекувам и силно верувам дека и во наредниот период СВР Битола ќе продолжи да бележи позитивни резултати, зголемена ефикасност и намален криминалитет, подигнувајќи ја уште повеќе безбедноста на заедницата, преку градење на партнерски однос со граѓаните – како нивен вистински сервис”, порача министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Силен СДСМ е потребен за европска иднина, не сакаме враќање на режимот

Спасовски: Ги повикувам сите граѓани масовно да излезат на изборите на 8 мај, да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

(ВИДЕО) Спасовски: Во следните четири години излез на домашните компании на европскиот пазар од 500 милиони луѓе

Горан Наумовски

Спасовски: Нема да дозволиме враќање во минатото кога шепотевме, се бориме за правда за сите!

Орце Костов

Спасовски од Куманово: Надминати кризите, енергетските компании во раце на граѓаните

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра