Спасовски: Очекуваме почеток на преговорите во претстојните месеци

Од:

Се надеваме и со право очекуваме стратешката цел за членство на Северна Македонија во Европската Унија , која треба да почне со стартување на преговорите за членство, да се оствари во претстојните месеци по 15 години статус на кандидат за членство, порача денеска премиерот Оливер Спасовски по средбата во Владата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој денеска пристигна во прва посета на земјава, откако стапи на таа функција.

-Со ништо нема да го загрозиме постигнатото поради што добивме и признание од Европската комисија минатата година кога на Европскиот совет му беше предочено итно и безусловно стартување на пристапните преговори. Препораката дојде како резултат на успешно спроведените реформи и како резултат на храбрите одлуки за решавање на недоразбирањата со нашите соседи, кои нашите аспирации за членство во ЕУ ги направија реалност, рече Спасовски на заедничката прес-конференција со еврокомесарот Вархеји.

Тој истакна дека земјата ја очекува најавената одлука во октомври минатата година, откако земјата направи се што се очекуваше за стар на преговорите, иако, како што рече доживеавме разочарување и прифативме дека стратешката грешка набрзо ќе биде исправена и дека нашите резултати ќе бидат валоризирани според заслуженото, иако со одложување.

-Програмата на новата ЕК е нова голема надеж за државите од Западен Балкан и зајакнување на нашата позиција како идни членки на Унијата. ЕК е наш сојузник во нашите настојувања за влез во ЕУ очекуваме да продолжат со новиот состав на ЕК, истакна Спасовски.

Премиерот потенцира дека е важно што ЕК по Европскиот совет во ноември 2019 ја презеде обврската и под водство на Вархеји најави дека до крајот на месецот ќе го претстави документот со предлог измените на методологијата за водење на преговорите.

-Северна Македонија е заинтересирана што побргу да се објави методологијата и се надева дека предлогот ќе ги задоволи очекувањата и барањата на Франција, но и ставовите на земјите-членки кои беа и останаа пријателски настроени кон проширувањето и немаа ништо против  тоа да почне и во октомври минатата година. Наш интерес е да се избегнат нови несогласувања и да се постигне консензус час поскоро, рече тој.

Додаде дека за нас е клучно одобрувањето и носењето на новата методологија и на одлуката за почеток на преговорите да бидат одвоени, но комплементарни процеси.

Спасовски на средбата го информирал Вархеји за работата на техничката Влада и за активностите што се преземаат за организирање на фер демократски и слободни предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он

Спасовски: Годинешниот просек говори за вкупно намалување на криминалот за осум проценти