Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски по исказот во Основното Јавно Обвинителство кажа дека ќе се бара одговорност како за оние кои влегле во Собранието така и за полицајците кои го дозволиле тоа.
Тој кажа дека за настаните од „крвавиот четврток“ мора да има одговорност бидејќи со тоа е нарушен уставниот поредок на Република Македонија и дека насилниците влегле со намера да убијат.