Спасовски најави решавање на проблемот со стечајците

Од:

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица од Коалицијата „За живот во Македонија“ Оливер Спасовски вечерва одржаа митинг во кумановската населба „Перо Чичо“.

Спасовски, во придружба на кандидатите за пратеници, презентира дел од мерките дефинирани со Планот за живот во Македонија.

Минимална плата 12.000 денари и просечна 30.000, еднакви услови за домашните и странските фирми, директна финансиска помош за компаниите за отворање нови работни места, укинување на радиодифузната такса, финансирање на МРТВ од буџетот, враќање на евтината тарифа на струјата, реформа во образованието и укинување на екстреното тестирање, повисоки плати за просветните работници, реформи во здравството со акцент на превентивната дејност, се само некои од ветувањата што ги даде Спасовски.

– Во првите 100 дена ќе го решиме проблемот на стечајните работници. Конечно, стечајците од Куманово и од Македонија ќе го добијат заслуженото, ќе им се оддолжиме за сите години неправда, за сите лоши моменти кои ги поминаа заедно со семејствата. На пензионерите законски им следува два пати годишно зголемување на пензиите, односно усогласувања кои просечно би биле шест до 10 проценти, СДСМ се залага пензиите да бидат покачувани врз основа на зголемување трошоци на живот, на шест месеци, рече Спасовски.

Најави и воведување социјална државна пензија за оние кои немаат доволно работен стаж зашто најважно е, рече, да има првада, зголемување на социјалната помош на граѓаните на 12.000 денари, борба против криминалот и корупцијата, ревизија на сите предмети како „Змиско око“ и „Бумеранг“,…

Спасовски се осврна и на проектите што ги предвидува изборната програма во Куманово: трајно решавање на водоснабдувањето, целосна гасификација и изградба на санитарна депонија, изградба на градинки, 100 милиони евра за инфратсурктура, асфалтирање локални улици,…

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт