Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Омур Шолендил.
На срдечната средба, министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Шолендил за посветеноста и енергијата која ја внесе во развивањето на добрите односи меѓу двете држави, како и на помошта која Република Турција и ја дава на нашата држава и конкретно на Министерството за внатрешни работи.
Амбасадорот Шолендил рече дека со убави спомени заминува од Република Македонија и дека секогаш ќе остане пријател на нашата држава.