Спасовски: Многу блиску сме до откривање на заканите за бомби во Кавадарци

Од:

МВР соработува со сите меѓународни партнери кои се известени за заканите за бомби во државата, посочи на денешната прес – конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Сите меѓународни партнери се известуваат за дојавите за бомби. Ги споделуваме информациите и податоците кои ги имаме со цел да добиеме помош. Најчесто станува збор за ВПН конекција во која вие не можете да добиете точна ИП адреса, точна туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот од тој провајдер. Сега сме на пат да го расчистиме случајот во општина Кавадарци, се преземаат сите можни мерки“, изјави Спасовски.

Како што рече министерот, Секторот за меѓународна полициска соработка е во постојана комуникација со Интерпол и Европол. Тој очекува дека деновиве ќе се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби, на кој се очекува да се разменат сите податоци кои ги имаат Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Комитетот за борба против тероризмот.

Работиме со партнерите, но не секогаш е едноставно да дојдете до решението, рече Спасовски.

И денеска во Скопје, пристигнале дојави за бомби во неколку основни и средни училишта во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он