Спасовски: Младите и младинската политика се сржта на нашата Програма

Од:

Денеска, генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски оствари средби со граѓаните од скопските населби Бутел, Чаир и Радишани. Во разговорите со граѓаните тој рече дека СДСМ нуди конкретни мерки преку кои парите ќе се враќаат назад кон граѓаните се со цел да се врати економската стабилност на македонското семејство.

SpasovskiButelCairRadisani (2)

Приоритет на новата Влада на СДСМ ќе биде судството кое ќе  работи во интерес на граѓаните на Македонија а нема да биде најголем заштитник на власта како што е тоа денеска. Недозволиво е владејачката партија да ја користи полицијата како своја партиска испостава, порача Спасовски во Радишани.

SpasovskiButelCairRadisani (3)

Младите најсилно ги почувствуваа погубните политики на власта. Во последниве неколку години 230.000 млади луѓе ја напуштија Македонија а дури 75% од нив својата иднина ја гледаат надвор од нашите граници.

SpasovskiButelCairRadisani (6)

Токму затоа, младите и младинската политика се сржта на нашата Програма. Наша цел е младите да ја гледаат и градат својата иднина овде, во нашата земја, порача Спасовски од средбите.

SpasovskiButelCairRadisani (4)

На денешните средби со граѓани генералниот секретар Оливер Спасовски беше придружуван од кандидатите за пратеници во втората изборна единица, Соња Мираковска и Сенад Смаиловиќ.

SpasovskiButelCairRadisani (5)

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада