Спасовски ќе носи дополнителна одлука дали ќе остане министер и во владата на Ковачевски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не кажува дали ќе остане на функцијата и во владата која ќе ја составува новиот мандатар Димитар Ковачевски. Од вчера Владата која ја состави Зоран Заев е во оставка, откако тој се повлече од премиерската и лидерската функција во СДСМ поради поразот на локалните избори.

На новинарско прашање дали ќе биде дел од новата влада, Спасовски не даде конкретен одговор.

„Ништо нема да коментирам, а за сите идни случувања во овој дел ќе донесам дополнителна одлука“, рече министерот Спасовски.

Собранието денес ќе ја констатира оставката која Заев ја понесе вчера. По констатирањето на оставката почнува да тече рокот од 10 дена во кои претседателот на државата треба да го довери мандатот за состав на влада на новиот мандатар, кој пак ќе има рок од 20 дена да состави влада.

Министерката за образование Мила Царовска, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипе веќе известија дека нема да бидат дел од новата влада.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?

Спасовски: Со одбивањето на амандманите, власта покажува дека нема слух за основните проблеми на граѓаните

А1он