Спасовски: Граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во подобрувањето на моделот за следење на комуникациите

Од:

Денеска во рамките на процесот на реформа на системот за следење на комуникациите, министерот Оливер Спасовски одржа консултативна средба со претставници на граѓанскиот сектор, на која беа претставени можните опции за измена на постојниот систем.

Министерот Спасовски искажа уверување дека граѓанските организации ќе дадат значаен придонес во подобрувањето на понудениот модел и ќе бидат активни чинители во негова имплементација.

Претставниците на граѓанските организации изразија подготвеност активно да учествуваат во процесот и со конкретни предлози и забелешки да влијаат на подобрување на имплементацијата на реформата.

Министерот Спасовски и претставниците на граѓанските организации се согласија дека само преку сеопфатен дијалог може да се постигне консензус за ваква суштествена реформа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати