Спасовски: Додека сум министер ниедно право нема да укинам, посебно не на жените

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на новинарско прашање во врска со поднесената иницијатива пред Комисијата за заштита од дискриминација од страна на синдикатот во која се наведува дека не само жените туку сите треба да добијат паричен надоместок, изјави дека ниту едно право што го дал некому нема да го укине, а посебно не на жените.

-Ние преговаравме со репрезентативниот синдикат за склучувањето на нов колективен договор. Во тој колективен договор кој што го потпишавме имавме низа на нови права кои што ги дадовме на полициските службеници. Ние сметавме дека колешките кои ќе имаат новороденче, треба да ги стимулираме и да им дадеме по сто евра во денарска противредност. Тоа веќе функционира. За жал, еден од раководството на Независниот синдикат поднесе иницијатива пред Комисијата за заштита од дискриминација, сметајќи дека не само жените туку сите треба да добиваат по сто евра. Имаме насока да се укине оваа поволност во колективниот договор, изјави Спасовски за време на работната посета во ЕВР Гази Баба.

Тој информираше дека работната група седна да разговара со Синдикатот во однос на тоа како да се изнајде решение. Како што рече, има укажување од Комисијата за дискриминација дека треба да се укине ова право.

-Јас го соопштив тоа и сега јавно кажувам дека додека сум јас министер, ниту едно право што го имам дадено на некого, а посебно на жените, јас нема да го укинам. Ги вратив назад претставниците да бараат нови решенија, кои што ќе значат можност за зголемување на правата, но не за укинување, додаде Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он