Спасовски: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ

Од:

Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на Европската унија, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ, одговарајќи на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија.

Тој посочува дека во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени.

– Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени, истакнува Спасовски.

Одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција ФРОНТЕКС во делот на управувањето со границите, Спасовски посочува дека Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба.

-Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на ФРОНТЕКС е логичен развој на оваа соработка, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

13 убиени во израелски напад врз бегалски камп во Либан

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?