Спасовски: Ако инспектор давал информации за убиството на Вања ќе одговара

Од:

„Со поднесувањето на кривичните пријави, целосната истрага оди во Основното јавно обвинителство и таму е целата документација. Сите детали се разгледуваат таму. Не би можел да споделувам повеќе информации бидејќи истрагата не се води по медиуми, туку мора во ОЈО“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за тоа каде се наоѓало возилото на убиениот Панче Жежовски, од моментот кога му е одземено до моментот кога е киднапирана Вања Ѓорчевска, откако за истото беше прозван од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Опозициската партија го прозва Спасовски и праша како е можно киднаперите на Вања со возилото на исчезнатиот Панче да му поминат пред нос на Спасовски, на 27 ноември во близина на Александар Палас?.

На прашањето да ја искоментира изјавата на Мицкоски кој рече дека ќе го гони додека е жив, Спасовски рече: „Му посакувам долг живот“.

Во однос на информациите дека инспектор давал информации за истрагата на познаници и пријатели низ Скопје, Спасовски истакна дека во последниот период се лиферуваат многу шпекулации за истрагата.

„Кога во истрага сите шпекулации ги изнесуваме во јавноста, може да се влијае на самата истрага. Тоа не е добро. За било каква активност што е нелегална, без разлика дали е инспектор или некој друг, ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто“, вели Спасовски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ е против Законот за локална самоуправа, власта им одзема право на граѓаните да одлучуваат

(ВИДЕО) Спасовски за случајот „Галате“: На Македонија не и се потребни инциденти, особено не во делот на меѓуетничките односи

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

A1on

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати