Спасени три животи преку трансплантација на органи од починат донор

Од:

Министерство за здравство информира дека вчера во претпладневните часови едно храбро семејство одлучило да ги донира органите од својот близок кај кој била потврдена мозочна смрт.

– По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега. Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.
Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж. И за тоа сме им бескрајно благодарни, соопшти МЗ.

Од Министерството упатија благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат.

Би можело да ве интересира

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски