Спас Ташев: Функционирањето на историската комисија во сегашниот формат е излишно

Од:

Функционирањето на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во сегашниот формат е излишно и лично не гледам смисла во продолжување на нејзината активност, вели Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН) за Њуз.бг.

Тој вели дека не предлага распуштање на Комисијата, туку преиспитување на нејзината работа и таа да се фокусира на популаризација на неспорните факти, кои се прифатливи и за Бугарија и Република Северна Македонија.

– Може да се заклучи дека Комисијата не дава резултати, а причина за тоа е не добро осмислената идеја за нејзиното создавање, смета Ташев.

Според него, дискусиите во Комисијата се непродуктивни и за самите седници не се водат протоколи, а какви одлуки и да се донесат, тие не се почитуваат од страна на Скопје и на крајот на денот генерално се враќаме на почетната позиција.

Ташев предлага разговорите во Комисијата привремено да се замрзнат и двете страни да започнат архивско истражување со објавување на документи во нивните оригинали верзии за сите спорни лица, што би било основа за дебати.

Според него, Бугарија сега е влезена во нова етапа во политиката кон Северна Македонија.

– Досега акцентот во нашата политика беше ставен на историјата и не обрнувавме многу внимание на сегашноста. Поради оваа причина, бугарските аргументи не беа разбрани од европските и американските партнери. Претседателот Румен Радев прв го постави прашањето дека треба да се смени акцентот и тој да се стави на човековите права. Шефот на државата го постави прашањето за тоа што Бугарите во Република Северна Македонија се маргинализирани, прогонувани и нерамноправни, вели Ташев.

Според него, земјава „навлегува во сериозна политичка криза“, за која не се знае решението.

– Доколку на евентуални предвремените парламентарни избори на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ, која се заканува со ревизија на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија, тогаш Скопје ќе западне во меѓународна изолација, што не е во интерес на никого, смета Ташев.

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски