Новата Влада и внимавање на состојбата во Македонија во фокусот на второто разгледување на предлог-Резолуцијата на ЕП

Од:

Комитетот за надворешни работи на Европскио парламент (АФЕТ), попладнево го имаше второто разгледување на предлог-Резолуцијата за Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што информираше известувачот за Македонија во Европарламентот, Иво Вајгл, овој извештај е сличен со извештаите од минатите години и досега нема важни промени во оваа земја-кандидат, освен тоа што државата сега се наоѓа во тешка политичка криза.

– Извештајот е напишан во ек на политичка криза, со цел да придонесеме за решавање на тој проблем. Сакам да нагласам дека во однос на решавање на политичката криза во Македонија, дојде до добра соработка на Европската комисија и на Европскиот парламент. Многу напори вложивме во тоа да ја видиме како ќе изгледа идната демократска држава Македонија. Исто така направивме различни документи, како договорот од Пржино, имавме различни извештаи како оној на Прибе и Итните реформски приоритети и се уште чекаме да се формира македонската Влада, напомена Вајгл на почетокот.

Словенечкиот европратеник исто така додаде дека ЕП видел спроведување на избори во државата, но дека за жал резултатите од изборите не биле во целост јасни и дојде до одредена блокада. До денеска, според Иво Вајгл поминало многу време, а Македонија се уште нема Влада.

– Изминатите денови видовме дека до македонските политичари беа упатени два важни повици. Прво од Еврокомисијата, а вчера и од НАТО. Мислам дека е важно за политичките актери во Македонија кои веќе одлучија да ги поддржат интересите на Македонија и ќе ги стават на прво место, пред личните, и сега треба да превземат одговорност. Треба што побрзо да се формира Влада. Формирање на Влада во една демократија се расправа по изборите, а состојбата во Макеоднија денеска е јасна. Постојат партии кои можат да формираат Влада и да гарантираат мнозинство, посочи Вајгл.

Словенецот повикува Македонија да формира Влада и рече дека тоа е најважно. Во однос на извшетајот, истиот според него вклучува формулации поврзани со спроведување на реформите, регионална соработка, реформа на правосудството и подобрување на законодавството со цел да се привлечат странски вложувања.

– Се се сведува на следното, а тоа е политичката криза да не ги подрива политичките односи внатре во Македонија и секоја партија да превземе одговорност, заклучи Вајгл.

Алојз Петерле, кој е ко-претседавач со Мешанито комитет на Европарламентот и македонското Собрание, исткана дека се надева дека наскоро ќе има формирање на Влада за да не дојде до она што го спомена Вајгл. Тој рече дека е задоволен поради тоа што ЕУ учевствува во политичките случувања и развојот во Македонија и што ЕУ ги следи случувањата.

– Сега видовме зашто кај првиот обид не се формираше Влада, но се уште не е јасно дали на темел на некој друг програм ќе може да се формира, иако постојат назнаки дека тоа ќе се случи. Напредок може да се постигне само ако главните политички сили во Македонија најдат заеднички темел за својата држава, дециден е Петерле.

Естонецот Туне Келам, во име на Европската народна партија (ЕПП), пак, истакна дека главна порака на извештајот е конструктивниот пристап и рамнотежа меѓу критиките кои ги има и охрабрувањето. Тој смета дека е важно што овој извештај пренесува порака дека треба да се условат преговорите со исполнување на обврски, но и билатералните спорови да не се користат за поставување на препреки во процесот на приклучување.

– Не смееме и понатаму да губиме време на Западниот Балкан, бидејќи празниот простор ќе го исполнат други неевропски сили. Тоа мора да го имаме на ум. Се согласивме со компромисните амандмани, но тука постои тенка граница, т.е. можеме ли да проскрибираме одредени решенија на Владите. Тоа е деликатно и задоволен сум што се договоривме како понатаму да постапуваме, рече Келам.

Социјал-демократот Тонино Пицула посочи дека извешетајот го изразува јасното стојалиште на земјата опфатена со длабоки внатрешни поделби. Состојбата во Македонија пред парламентарните избори, според него била постабилна, благодарение на ЕУ и посебно на европратениците што помогнаа да се постигне договорот од Пржино. Високиот излез на изборите, Пицула вели дека било одраз на високите очекувања, како последица од состојбата.

– Долготрајните преговори за формирање на парламентарно мнозинство изгледа дека се пред крај и дека социјал-демократите ќе формираат Влада. Промените во демократските општества се нормални и треба да се прифатат. Прифаќањето на резултатите и доволно собрани потписи е знак на политички зрела демократија. Се надевам дека ќе нема проблем и при процесот на составување на Владата без политички дискриминации, истакна Пицула.

Чарлс Тенок од редовите на европските конзервативци посочи дека неговата група го поздравува напредокот на Македонија во процесот на пристапување во ЕУ и успешното спроведување на изброите од 2016 година. Тој жали што уште треба време за составување на Влада, но посочи дека имаме надеж дека час поскоро ќе се реши состојбата. Според Тенок, како и секогаш има чувствителна состојба, не само поради етничките односи, туку и поради надворшените притисоци, но додаде дека знае дека е воспоставен билатерален договор со Бугарија, во однос на според него – проблем во врска со прашања кои се од Првата светска војна.

– Жалиме што уште постои блокада на отворањето на преговорите и не знам веќе колку години тоа трае. Таа блокада постоеше и пред Македонија да стане кандидат. Тоа е деценија отворено прашање со Грција и се надевам дека европскиот медијатор ќе најде прифатливо решение за сите страни, изјави Тенок.

Михаел Галер од редовите на германската Христијанско-демократска униај на Ангела Меркел, порача дека ако Европарламентот сака сериозно да му пристапи на прашањето на Македонија, дека мора да истакне дека поголем дел потешкотии во надворешната и внатрешната политика немаше да постои ако не постоеше Грција.

– Сега се настојува да се реши прашањето за името. Грција како прво, без оглед на минатата политика, а тука имаше тешкотии со Бугарија и тоа да го немаше, сега ќе имавме поинаква состојба. Албанското малцинство сега завзема стојалиште наспроти Македонија, што не е во склад со состојбата. Ако покажеме сила со отворање на европскиот пат на земјата, бидејќи знаеме дека постои утврдување на состојбата и постои можност земјата повторно да се насочи кон Русија. Ако тоа го пропуштиме, ќе треба да признаеме вина за истото, порача Галер.

Социјал-демократот Кнут Фленкештајн беше отворен и призна дека ЕП навистина треба добро да размисли, „бидејќи ние сме одговорни за тоа што се не течеше како треба во оваа земја“.

– Екс-премиерот не оствари мнозински број на гласови и тоа трбеа да се земе предвид и сега можеби сме ние тука на потег. Не знам, не сум сигурен дали сега би било исправно да се поигрува со идејата на малцинска Влада, иако тоа прашање не треба да не засега. Сепак, ни треба вистинска Влада и признавање на таа Влада е можно ако и спротивставената страна се земе предвид. Проблемите на Македонија не може така да се решат, искрен е Фленкештајн.

Словакот Едвард Кукан порача дека Резолуцијата треба да им покаже на македонските политичари и народ дека патот кон Еворпа е се уште отворен. Тој истакна дека за земјата е важно да не се изгуби тоа од вид и дека е важно по изборите и процесот на создавање на нова Влада. Кукан рече дека ЕП не си прави услуга користејќи ја својата положба за да врши притисок за остварување на националните интереси во регионот.

– Со оглед на чувстителната и потенцијално експлозивна состојба во земјата, треба одговорно да се однесуваме, посебно во однос на тоа што утре ќе го усвоиме со Резолуцијата. Сакам да предупредам да не вршиме претеран и драматичен притисок на било-која политичка сила во Македонија, порача Кукан.

На крајот на дебатата, Дејвид Кулен, кој е шеф на одделението за Македонија во Европската комисија, исткана дека додека политичките сили продолжуваат со воспоставување на Влада во Македонија, потсети дека еврокомесарот Хан даде изјава викендов во која истакна дека е важно да се воспостави Влада што побрзо и дека инсистира на спроведување на сите делови од договорот од Пржино. Тој ја спомена канцеларијата на Специјалното обвинителство (СЈО) и за според него неговата клучна улога.

– Ако таа канцеларија има добро време да ја заврши работата, на тоа треба да се работи. Комисијата еднакво ја поддржува земјата со сите напори за да се врати на европскиот пат и ќе продолжиме да ја следиме редовно, заклучи Кулен.

Во текот на утрешниот ден, АФЕТ-комитетот на Европскиот парламент ќе гласа за Резолуцијата за Македонија, а на 14-ти март на пленарна седница во Стразбур, Европскиот парламент ќе ја донесе Резолуцијата за македонската држава.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска