Создадена алатка за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството

Од:

Граѓанските организации ќе можат да го измерат сопствениот импакт преку новосоздадената алатка, што беше претставена денеска од страна на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, а служи за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството.

Извршната директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски, посочи дека алатката на граѓанските организации во иднина ќе им даде основа, информација и сознание кое ќе ги насочи во кој сегмент би требало да направат промени во своето делување, а истовремено ќе ги покаже и силните страни кои во иднина треба да бидат зајакнати.

– Процесот на деинституализација е почнат пред околу 10 години од страна на граѓанскиот сектор, пристапот до ранливите групи е многу поизразен кај самите граѓански организации, отколку од она што успеваат да го направат самите институции. Истражувачкото новинарство главно доаѓа од организации, односно здруженија на граѓани, а не од самите медиуми. Медиумската култура се развиваше преку здруженијата на граѓани. Во здравството се направени сериозни поместување во однос на градењето релации со институциите и преземање дел од активностите што институциите не се во можност да ги направат и уште многу други промени кои организациите успеаја да ги направат во изминативе 20 години, нагласи Илијевски.

Таа изрази надеж дека алатката само ќе биде основа за во идина да биде повидлива работата на граѓанскиот сектор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Ана Ололовска

Конференција за реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации

Ана Ололовска

„Конект“: Законот за донации и спонзорства во јавните дејности мора да претрпи измени

Ана Ололовска

Граѓански организации ќе ги презентираат успешните модели на партнерства со власта

Ана Ололовска

Граѓанските организации бараат да се повлече законот за СЈО

Ана Ололовска

Презентација на 22 грантови за граѓански организации од пет општини

Ана Ололовска