Состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и ЕУ

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска ќе го отвори 15. состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Европската унија, во рамки на Комитетот на региони на ЕУ.

Најавено е на отворањето да се обратат евроамбасадорот Самуел Жбогар, претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилигов и известувачот на Комитетот на регионите на ЕУ Франко Иакоп.

Заедничкиот консултативен комитет е заедничко тело на локалните власти на Република Македонија и на ЕУ што делува во рамки на Комитетот на регионите на Европската унија. Во овој мандат со заедничкиот консултативен комитет претседаваат Јасна Габрич, претставник на Европската унија, градоначалникот на општина Трбовље, Словенија Јасна Габриќ и Благој Бочварски, претставник на Република Македонија и градоначалник на Штип.

Во Заедничкиот консултативен комитет членуваат вкупно 22 претставници на локалните власти од кои 12 градоначалници и членови на општински совети се од Македонија.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он