ФОТО: Сопственикот на порталот „Доказ“ претепан со шипки

Од:

Попладнево, околу 17 часот пред кафулето „Библиотека“, во центарот на Скопје, бил претепан сопственикот на порталот Доказ.мк, Марјан Стаменовски.

Тој, за А1он потврди дека четворица луѓе на возраст од околу 25 години, кои не биле маскирани го нападнале додека правел интервју со Африм Тахири.

marjanstamenkovski (2)

– Го правевме инервјуто и во еден момент само почувствував удар од шише, потоа тие ме нападнаа и удираа со тупаници и со нозе и со шипки. Среќа е само што од кафулето веднаш викнаа Брза помош, изјави Стаменковски за А1он.

Тој се сомнева дека се работи за одмазда заради некој текст што е објавен на неговиот портал, иако не знае точно за кој текст се работи и тврди дека еден од напаѓачите му рекол дека ова е поздрав од неговата партија ВМРО- ДПМНЕ.

marjanstamenkovski (1)

– Овие се веќе забегани, имам многу закани, ги пријавив во полициска станица Беко, но не верувам дека ќе ги најдат напаѓачите.

Стаменковски вели дека му е скршен носот и има повреди на главата.

Ова е втор напад врз Стаменкоски, кој пред неколку месеци беше нападнат пред влезот на неговиот дом во населбата Аеродром.

Би можело да ве интересира

Две скопјанки се степаа на паркинг во Чаир

А1он

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

Тепачка во болницата „8 Септември“ во Скопје

Горан Наумовски

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Татко и двајца синови крвнички тепале соселанец во Батинци

А1он

(ВИДЕО) Тепачка во Советот на Општина Кочани

Горан Наумовски