Сообраќајот во зимски услови, по наместа влажни коловози

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Дожд и снег денеска, воведена забрана за камиони и автобуси на дел од критичните правци

Студено и ветровито, од петок нови врнежи

Температури до 18 степени денеска, од утре заладување

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно со дожд и засилен ветер, на места врнежите пообилни

А1он

И денеска и во следнате денови облачно со дожд

Облачно со слаб дожд