Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, магла кај Неготино и Демир Капија

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Демир Капија до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Облачно, магла и повремен дожд

Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени

Намалена видливост поради магла во Тетово, Битола и Прилеп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Магла на патните правци Гостивар-Тетово-Скопје, Велес-Катланово, Струмица-Кочани-Штип и Сарамзалино

Магла на повеќе патни правци