Сообраќајот на патот Гостивар – Кичево е нормализиран, повредените пренесени на скопските клиники

Од:

Пет лица повредени во сообраќајката што се случи попладнево на магистралниот пат Гостивар – Кичево, се пренесени на скопските клиники, а едно е задржано во Болницата во Гостивар.

Сите се надвор од животна опасност.

Сообраќајот кој беше во прекин заради увид, од 18:30 часот е нормализиран и се одвива во двата правци без застој, информираше портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека во сè уште непознати околности, попладнево дошло до сообраќајна незгода во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

-Повредените не се во животозагрозувачка состојба, но заради карактерот на повредите со амбулантни возила се испратени на лекување на скопските клиники, изјави Реџепи.

Од 16 часот сообраќајот на магистралниот пат Гостивар Кичево заради сообраќајката беше во прекин, а возилата се пренасочуваа по споредните локални патишта.

Би можело да ве интересира

Автомобил целосно згмечен во судир со автобус – возачот загина, осуммина се повредени

А1он

21-годишен кумановец загина во сообраќајна несреќа

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Пијана жена направи сообраќајка при паркирање, ќе мора да плати 2.260 евра

А1он

Петмина повредени во сообраќајката кај штипската населба Три чешми

Синот на легендарен англиски фудбалер загина во сообраќајка со трактор

А1он