Сообраќајка меѓу четири возила на патот Куманово – Крива Паланка

Од:

Четири возила учествуваа во сообраќајната несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Куманово – Крива Pаланка во атарoт на Младо Нагоричане, соопштија денеска од СВР Куманово. Седуммина се повредени, петмина полесно, двајца се задржани во Oпшта болница Куманово, соопштија од итна помош.

Сообраќајната несреќа во полицијата била пријавена во 12:15 часот.

– На магистралниот пат се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Т.И. (64) од Крива Паланка, „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки управувано од А.К. (36) од село Алгуња, Општина Старо Нагоричане, „форд куга“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.П.(60) од Скопје и возило „волво“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Н.Т. (31) од Скопје. Во незгодата со повреди констатирани од лекар од Општа болница Куманово се здобиле возачите Т.И., А.К. Б.Н.Т и сопатниците С.С., А.К., С.К. и А. К – соопшти полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он