Сончево време со северен ветер

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

И утре времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со удари од 60 километри на час.

Во понеделник и деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво