Сончево со услови за краткотраен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремена до значителна облачност. Во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.

Во Скопје, ќе биде сончево со умерена облачност, која повремено ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 27 степени.

И во петок наместа ќе има значителна облачност, а во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава, ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.

Би можело да ве интересира

Локални врнежи од дожд и снег, магла во котлините

А1он

Дожд, снег и пониски температури во викендот

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег

Од утре малку повисоки температури

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула