Сончево со умерена облачност во северните делови

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала, а претежно во северните делови со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието (каде на места ќе има брзина и над 60 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 27 степени.

Од УХМР известуваат дека ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност.

– Денеска и во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд, информираат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи