Сончево со повисоки темеператури до четврток, потоа повторно врнежи

Од:

Времето денеска претпладне со услови за појава на магла по котлините. Преку денот времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До четврток времето ќе се задржи стабилно и релативно топло време. На планините поради повисоките температури висината на снежната покривка ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму дневната температура ќе биде пониска.

Нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег се очекува во петок попладне и во сабота.

Би можело да ве интересира

Период на променливо облачно време со врнежи

Променливо облачно, температурата до 11 степени

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула

До крајот на оваа недела облачно со повремени дожд и снег

Повремен дожд и разведрување попладне