Сончево со мала облачност и утринска магла по котлините

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер, прогнозираат метеоролозите.

Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 2, а дневната од 14 до 19 степени.

Во Скопје, претпладне магливо, попладне маглата ќе ослабе и ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до минус 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.

Би можело да ве интересира

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег

Од утре малку повисоки температури

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула

Ветер, дожд и снег до вторник

Променливо облачно време со врнежи од дожд

А1он