Сончево со мала облачност и температури до 16 степени

Од:

Времето утрово е студено со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Како што информираат од УХМР, во Скопје времето наутро ќе биде студено со услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Во вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури и со услови за појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Потоа во следните денови под влијание на серија од влажни воздушни бранови времето ќе биде променливо облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, кои на планините повремено ќе преминуваат во снег.

Од среда до петок ќе дува засилен југоисточен и западен, а во сабота засилен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он