Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени

Од:

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Според најавите од Управата з ахидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време. Во текот денот ќе биде сончево и релативно топло, а во текот на ноќта ведро и тивко. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво