Сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.

Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност

Денеска сончево време со умерена локална облачност