Сончево со локална облачност

Од:

Времето денеска во државата ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во недела ќе се задржи облачно, а потоа кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник, особено претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег. Услови за провејување на слаб снег ќе има и во вторник на истокот.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а утринските температури ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени