Сончево и топло со температура до 20 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе се движи од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 19 степени.

Според УХМР, следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време