Сончево и топло со променлива облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со променлива облачност која ќе се зголемува. Од пладневните часови, попладне и преку ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи. Повремени врнежи ќе има и преку ноќта. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во деновите од викендот и во ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Топло време со високи температури, најава за невреме вечер

Топло со темератури до 38 степени, за попладне најава за пороен дожд

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме

А1он

Нов топлотен бран, период со температури до 40 степени

Катерина Ѓуровски

Од четврток повторно многу топло, во викендот до 40 степени

Температури до 36 степени денеска освежување во вторник, потоа повторно топло

Катерина Ѓуровски