Сончево и топло, од утре промена на времето

Од:

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Температурата низ државава ќе се движи од 12 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје пак, минималната температура се очекува да биде 17, а максималната 36 степени Целзиусови.

Според синоптичарите, утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Локална појава на нестабилност ќе има и во вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Малку пониски темепратури и дожд

Катерина Ѓуровски

На Шапка најстудено, во Гевгелија најтопло

Променливо облачно со сончеви периоди

Сончево и ветровито со дневни температури од 23 до 32 степена

Утринската темепература во Берово се спушти на 4 степени

Температури над 40 степени и УВ индекс 10