Сончево и топло, до 36 степени, попладне можен краткотраен пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексто ќе изнесува 8.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Според УХМР, следува период на постабилно време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Претежно во планинските региони и од крајот на работната недела ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени