Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво