Сончево и релативно топло, кон крајот на денот со услови за дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено поројни, проследени со силен ветер, над 60 km/h. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 21 степен.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 km/h.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Во следните денови под влијание на серија на влажни бранови ќе преовладува променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд. Нестабилно време со пообилни врнежи, проследени со грмежи се очекува во среда попладне и во четврток.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени