Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Во попладневните часови, особено во понеделник, ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела